ЦАРОВСКА ВО НЕГОТИНО И ТИМЈАНИК: ЗАЕДНО СО ЖИТЕЛИТЕ ОДЛУЧИВМЕ ДЕКА ВО ТИМЈАНИК ЌЕ ИМА МАЛ ГРУПЕН ДОМ

//

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков се сретна со локалните жители. Недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат. „Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање“, изјави министерката Царовска. “Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа“, заклучи министерката.

Во меѓувреме забрзано се работи на деинституционализацијата. Министерството за труд и социјална политика е во комуникација со другите општини коишто изразија подготвеност за отворање на мали групни домови. Истовремено, МТСП во соработка со УНИЦЕФ ја промовира и кампањата „На секое дете му треба семејство“ која што има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата досега постигнува одличен успех, повеќе од 100 лица изразија желба да згрижат дете . Борбата за похумано општество и заштита на децата ќе биде и понатаму главен фокус на МТСП.





Претходна статија

ПРАТЕНИЧКАТА ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ЈАВНИОТ МЕДИУМСКИ СЕРВИС НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Следна статија

СОВЕТОТ НА ЕУ ЗА ОПШТИ РАБОТИ ДЕНЕСКА ОДЛУЧУВА ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Најново од Вести