СОВЕТОТ НА ЕУ ЗА ОПШТИ РАБОТИ ДЕНЕСКА ОДЛУЧУВА ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
Првиот на холандската дипломатија Стеф Блок пред денешниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург изрази надеж дека ќе биде дадено зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија. Блок изјави дека двете земји направиле напредок, поврзан со владеењето на правото и борбата против корупцијата, но во исто време се уште не се стигнати до целта.
Вчера високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, повторно ги повика земјите членки да го наградат како што оцени импресивниот напредок на Македонија, наведувајќи го потпишувањето на Договорот за името со Грција.
Екатерина Захариева, шефот на диплиматијата на Бугарија, која како актуелен претседавач со ЕУ ќе претседава со Советот на ЕУ за општи работи, изјави дека по постигнатиот договор за името со Грција, Советот треба да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас порача дека ЕУ мора да го исполни своето ветување во однос на почеток на формалните преговори со како што вели, Северна Македонија и Албанија.