|

Ставена алката на осудениот велешанец, ќе ја носи три месеци

Во Секторот за пробација во Чашка денеска за прв пат беше поставена опрема за електронски надзор, со што започна извршувањето на првата изречена пресуда за казна куќен затвор.

На осуденото лице му беше поставена електронска алка на глуждот од ногата, со што му се ограничува напуштањето на своето живеалиште во период од три месеци. Тој има право на престој на свеж воздух во траење од најмногу два часа дневно.

Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата или на ограничувањата што ги одредил судот, пробациските службеници ќе го известат надлежниот суд, во согласност со одредбите од Законот за пробација.

Од Управата за извршување на санкции истакнуваат дека ваквиот начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а со оглед на возраста на сторителот, претставува и похуман пристап кон осудените лица.

Управата ги охрабрува судиите да изрекуваат алтернативни мерки на казнување, нагласувајќи дека во моментов располага со 100 активни и уште 300 неактивни електронски алки за следење на осудени лица.



Слични Објави