Бугарски ученик награден на меѓународната програма „Space Camp“
Четиринаесетгодишниот Калојан Стефанов, ученик во деветто одделение во Првата приватна математичка гимназија во Софија, ја доби наградата „Outstanding Camper“ („Исклучителен учесник“) на меѓународната програма „Space Camp“ во Измир, Турција, јавува БТА. Медалот, едно од двете индивидуални признанија во програмата, му беше доделен за лидерство, научни знаења и тимска работа при тренинзи со симулатори, конструирање ракети…
