СДСМ: КОСТАДИНОВ- ГРАЃАНИТЕ ИЗБИРААТ ИДНИНА, ИВАНОВ ОСТАНУВА ИЗОЛИРАН ВО ТЕМНОТО МИНАТО
Почитувани, Вчерашниот ден уште еднаш покажа дека Ѓорге Иванов се води од лични и теснопартиски, а не од интересите на граѓаните и државата, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ. Додека целиот државен врв одлучно порача да тргнеме кон иднината, само Иванов повика да останеме заглавени во минатото на омраза, поделби, криминал и неказнивост….
