Тошковски: Жителите во близина на пожарот во Трубарево да ги напуштат своите домови
Пожарот што избувна во фабрика за рециклирање отпад во Трубарево е ставен под контрола и нема опасност од негово понатамошно проширување, но жариштето сè уште е активно. На синоќешната прес-конференција по седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека примарен приоритет останува заштитата на животот и здравјето…
