Можни знаци на живот пронајдени на далечна планета: „Ова можеби е момент на пресврт“
Научниците од британскиот универзитет Кембриџ открија нови, иако сè уште неизвесни докази кои би можеле да укажат на постоење на живот на егзопланетата К2-18б, свет оддалечен дури 1,1 трилиони километри од Земјата. Со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА, истражувачите открија траги од молекули во атмосферата на планетата кои се произведуваат исклучиво…
