(Видео) Перев: Радио Благоевград беше посакуваниот простор, со кој ние се запознававме, а Бугарија нѐ запознаваше нас
Дописничката на БТА во Скопje Маринела Величкова и публицистот Владимир Перев зборуваа за „отворањето“ преку радио меѓу Бугарија и Република (Северна) Македонија веднаш откако Бугарија ја призна младата држава што се одвои од СФРЈ под нејзиното тогашно уставно име – Република Македонија. Двајцата новинари се вклучија со видео врска од прес-клубот на БТА во Скопје…
