Протест во Варшава против руската инвазија на Украина
Речиси две илјади луѓе, Украинци и Полјаци, се собраа попладнево пред руската амбасада во Варшава на протест против руската инвазија на Украина. Носејќи жолто-сини украински знамиња и транспаренти на кои пишува „Терор Русија“, тие бараа на полски, украински и англиски јазик „агресорот да биде прогласен за терористичка држава“, како што често ја нарекува украинскиот претседател…
