Видео: Османи го презентираше Протоколот со Бугарија, кој денеска беше потпишан во Софија
Османи го презентираше потпишаниот протокол.
За Македонија беа важни три работи. Протоколот да не е дел од преговарачката рамка, Македонскиот јазик да е чист во комуникацијата со европската унија и историјата и комисијата да не се дел од преговарачката рамка. И трите работи Македонија ги доби.
Сите обврски се на реципрочна основа и подеднакво важат и за Македонија и за Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Ние имаме обврски и рокови согласно Договорот за пријателство што сме го потпишале, но како политика нема да се мешаме во работата на Комсијата за историски и образовни прашања. Се што се одлучат заеднички претставува обврска да двете страни – рече Османи.
Сепак потенцираше дека доколку комисијата донесе некоја одлука Владата ќе има обврска да ја спроведе, и ако не ја спроведе тоа може да се толкува како неприменување на договорт за добрососедство, но нагласи дека има потполна доверба во комисијата и нејзината автономност и стручност.
Доколку пак комисијата не успее да донесе одлука дали тоа може да се толкува како неисполнување, Османи потенцираше дека во рамки на процесот нема рокови но сепак неможе да знае дали Бугарија во иднина може да кочи, може и секоја друга земја и да не потенцира за што, да каже не сум задоволна од земјоделските реформи, а всушност да кочи поради друго.
Како што истакна тој, досега има само една препорака од Комисијата за измена на учебници, која треба да се имплементира.
Во однос на македонскиот јазик, тој додаде дека досега воопшто го немало во ЕУ, а сега ќе го има. Притоа, посочи дека договорот со Фронтекст ќе биде потпишан на македонски јазик.
– За билатерални односи го имаме затворено јазикот со Бугарија, македонски и бугарски јазик согласно Уставот, а битката бугарскиот став да не стане европски став ја добивме, нема фусноти, додавки… – рече Османи.
Воедно, тој порача дека освен што јазикот е чист, историските прашања не се одредница за водење на преговорите.
Извор: tocka.com.mk