Пендаровски се слушнал со Радев, доаѓа помош од Бугарија
,,Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев.Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите”, напиша претседателот Стево Пендаровски.
