БРОД ПОЛН СО КОКАИН И БЕЗ ЕКИПАЖ ПРОНАЈДЕН НА ОСТРОВ ВО ПАЦИФИКОТ
Брод без екипаж, долг пет и пол метри, натоварен со кокаин, беше откриен минатата недела засукан на атолот Ајлук, дел од Маршалските Острови, изјави државниот правобранител. Вкупно 649 килограми кокаин биле скриени под палубата, изјави во средата јавниот обвинител Ричард Хиксон. Тој процени дека бродот најверојатно пристигнал од Централна или Јужна Америка и евентуално пловел…
