СО ФАЛСИФИКУВАНА ДИПЛОМА РАБОТЕЛ ВО АРМ И МВР
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 47-годишниот Љ.И. од село Лојане, општина Липково, полициски службеник во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. На точно неутврден датум пријавениот извршил фалсификување на диплома за завршено средно образование, издадена од средно училиште „25 Мај“ од Прешево,…
