ВАРДАР ЕМОТИВНО СЕ ЗБОГУВА СО РАКОМЕТАРИТЕ КОИ СИ ЗАМИНУВААТ
Екипата на Вардар и официјално ја заврши сезоната со освојување на тројната круна, а долго ќе се памети европската круна која беше зачинета со триумф во СЕХА и во домашното првенство.
Управата на клубот денеска со специјално видео се збогува со играчите кои си заминуваат.
“Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.
Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех”, напишаа вардарци на социјалните мрежи.
Извор: Спорт1

