| |

СДСМ: ДОГОВОРЕНИТЕ ТЕНДЕРИ СЕ ОДЛИКА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

„Договорените тендери, провизиите и криминалот беа одлика на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време е завршено. Денес Владата предводена од СДСМ јавните набавки ги спроведува отчетно и по еднакви услови за сите. Тоа е вредносната разлика што ВМРО-ДПМНЕ ниту сака ниту може да ја разбере.

ВМРО-ДПМНЕ тајно и расипничко ги трошеше парите на граѓаните преку договори во четири очи, а документациите за дел од таквите штетни договори се уште никој не може да ги пронајде.

ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени по тоа што доделуваа тендери од стотици илјади, па и милиони евра на компании блиски до партијата, кои дури не ги ни завршуваа работите за кои беа ангажирани. Тендерите не беа објавувани на сајтот на Бирото за јавни набавки, а објавувањето на трошоците на функционерите за ВМРО-ДПМНЕ беше научна фантастика.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ и затоа измислува наводни скандали онаму кадешто ги нема.

Владата предводена од СДСМ работи отворено, одговорно, штедливо и презема јасни и видливи активности за избегнување конфликт на интерес. Преку јасно дефинирани и транспарентни критериуми, Владата предводена од СДСМ, обезбедува еднакви услови за сите, а преку спроведување на зацртаните политики, се гради фер општество со еднакви можности за сите, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

Слични Објави