САД планираат продажба на систем за крајбрежна одбрана на Бугарија во вредност од 620 милиони долари
Министерството за одбрана на САД објави известување за планирана продажба на оружје на Бугарија во вредност од околу 620 милиони долари, соопшти Агенцијата за соработка во областа на одбранбената безбедност (DSCA), пренесува БГНЕС. Предложената зделка предвидува Бугарија да набави систем за крајбрежна одбрана Naval Strike Missile (NSM) и три системи за размена на тактички информации…
