| |

САД планираат продажба на систем за крајбрежна одбрана на Бугарија во вредност од 620 милиони долари

Министерството за одбрана на САД објави известување за планирана продажба на оружје на Бугарија во вредност од околу 620 милиони долари, соопшти Агенцијата за соработка во областа на одбранбената безбедност (DSCA), пренесува БГНЕС.

Предложената зделка предвидува Бугарија да набави систем за крајбрежна одбрана Naval Strike Missile (NSM) и три системи за размена на тактички информации Link-16 MIDS-JTRS. Пакетот вклучува и противбродски ракети, мобилни ракетни лансери, мобилни центри за управување со огнот, транспортни возила и друга придружна опрема, како и обука, техничка документација, симулатори и техничка поддршка.

Главен изведувач на проектот ќе биде норвешката компанија Kongsberg Defence and Aerospace.

Според американските власти, продажбата има цел да ја зајакне безбедноста на сојузник од НАТО и да ја подобри оперативната компатибилност на бугарските вооружени сили со силите на САД и Алијансата.

Во соопштението се наведува дека договорот нема да го промени воениот баланс во регионот.



Слични Објави