| |

Во Варшава беше откриен споменик на Васил Левски

Во Варшава беше откриен споменик на бугарскиот револуционер Васил Левски. Споменикот се наоѓа во дворот на бугарската амбасада и беше откриен од бугарската амбасадорка во Полска Маргарита Ганева и генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил В’лчев. Автори на споменикот се скулпторот Станислав Корчев и архитектот Цено Тодоров, јавува БТА.

Во своето обраќање В’лчев истакна дека делото на Левски ја претвора секоја точка во светот во симболично бугарско место, бидејќи борбата за слобода е над сите граници. Тој нагласи дека идеите за слобода ги поврзуваат бугарскиот и полскиот народ уште од XIX век и дека двете држави денес се сојузници во Европската Унија и НАТО.

Тој потсети и на иницијативата на БТА „Бугарските места во светот“, преку која се поставуваат спомен-обележја на истакнати Бугари надвор од земјата.

За време на посетата во Полска, В’лчев се сретна и со претставници на бугарската заедница во Варшава, со раководството на Националната библиотека на Полска и присуствуваше на одбележувањето на националниот празник на Бугарија. Според неофицијални податоци, во Полска живеат околу 15.000 Бугари.

Слични Објави