ВМРО ДПМНЕ : ЗАЕВ КАКО КУЛА ОД КАРТИ ГИ СРУШИ ДРЖАВНИТЕ ПОЗИЦИИ КОИ БЕА ДРЖАВЕН КОНТИУНИТЕТ ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ
Зоран Заев како кула од карти ги сруши позициите на Република Македонија кои беа државен континуитет изминатите две децении. Со прифаќањето на Договорот со Грција тој целосно ги урна претходно заеднички прифатените принципи и позиции за преговори за непромена на Уставот и незадирање во идентитетот, кои беа градени со години од сите влади од независноста…
