|

Целосен договор со Бугарија е можен во септември, но за тоа е потребно зелено светло за преговори

Целосен договор со Бугарија треба да има три компоненти – билатерално дефиниран патоказ,  португалскиот предлог за неговата позиција во европскиот процес и зелено светло за почеток на преговорите.

Таков договор е можен во септември годинава, според шефот на дипломатијата Бујар Османи, но за тоа е потребно во наредниот период да се продолжи, така што словенечкото претседателство ќе го преземе португалското решение, Бугарија ќе каже дека го прифаќа дефинираниот патоказ, што е индицијата според содржината на писмото од бугарското МНР и државата да добие зелено светло за почеток на преговорите во септември, пренесува zoom.mk.

Додека бугарскиот МНР Светлан Стоев во писмото до Османи, изразува очекување за спроведување на, како што се вели, преземените обврски од Република Северна Македонија, нашиот шеф на дипломатија Османи е категоричен дека обврски не се преземени и тоа биле само предлози и идеи за содржината на патоказот, на што Софија требало да одговори пред самитот на 24 јуни.

Сепак за Османи, позитивна страна на ова писмо е дека во него се цели дека сите предлози коишто се дадени се прифатливи. Според бугарското МНР, при последната посета во Софија, било разговарано за следните пет точки од патоказот, според кои Република Северна Македонија треба:

– да испрати вербална белешка до ООН дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, дел од кој се наоѓа и во рамките на суверените граници на Бугарија.

– да ги повлече своите малцински претензии против Бугарија, потврдувајќи дека нема историски, етнички или други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе, кои не се нејзини државјани, на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во член 11 став 5 од Договорот од 2017 година.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави