Цените до небо во Хрватска, 40 евра за паркинг, 18 евра пица
Хрватска повеќе не е евтина дестинација, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунгст“ и забележува дека цените во земјата вртоглаво пораснале по воведувањето на еврото.
„Зејтин за 4,5 евра, пица за 18 евра и паркинг за 40 евра – она што звучи како луксузен одмор во скапа Швајцарија се случува во некогаш евтина земја за одмор. Во Хрватска цените вртоглаво пораснаа по воведувањето на еврото“, пишува австрискиот весник.
Хрватска на 1 јануари годинава премина на еврото и во исто време се укинаа граничните контроли со земјите од ЕУ, што, како што велат, е радост за туристите, пренесува медиумот.
Но, тоа не е случај со цените во Хрватска.
„Моментно сум на одмор во Хрватска и овде е поскапо отколку во Австрија и ме нервираат некои јадења, кои и без прилози имаат неверојатна цена“, изјави за весникот една читателка.