|

Одреден притвор за Здравев, експретредател на Советот на Центар – се бара и за Тодоровиќ

Одредени се дел од притворите побарани за осомничените кои се поврзуваат со случајот „Скопје 2014“ односно поставувањето на десетина споменици во Скопје, дознава „Макфакс“. Едно од лицата е Владимир Здравев, експретседавачот со Советот на Центар. Притворот му е во траење од 30 дена. Тој беше уапсен на „Табановце“ при обид за излез од Македонија.

Се бара притвор и за Владимир Тодоровиќ, ексградоначалник на Центар и сопственик на маркетите „Тинекс“. За него се уште судија на претходна постапка, не одлучил дали мерката побарана од обвинителот ќе биде уважена. Бидејќи е во бегство, мерка не е побарана за Никола Груевски кој исто така е обвинет. Непознато е дали се бараат мерки за Елизабета Канческа-Милевска и Зоран Ставрески, кои се второ и трето обвинети.

Експретседателот на Советот, Владимир Здравев, се сомничи за перење пари. Според истрагата, тој бил линкот меѓу Македонија и лицата од Италија, кога спомениците се купувале од Општина Центар по дупли цени од оние по кои се набавувале од италијанските фирми.

„Макфакс“ проба да стапи во контакт со Канческа-Милевска, во врска со предметот во кој е осомничена – но таа не одговори на нашиот повик.

Побарани се седум мерки притвор.



Слични Објави