УТРЕ ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ
Претседателот Стево Пендаровски го прифати барањето на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев за одржување лидерска средба на која ќе се зборува за одложување на изборите.
“Лидерска средба утре во Вила Водно за можно одложување на парламентарните избори закажани за 12 април, датум договорен на средбата на парламентарните партии во октомври 2019. Ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски”, објави пред малку претседателот на државата Пендаровски.

