Цените се до плафон, какво е ова поевтинување, го праша пензионерка Ковачевски
Најголемите пензии 4.000 денари, најмалите 900 денари, ве молам, кој може да преживее со 12.000 денари, беше прашањето на една пензионерка до премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска беше на ново пазарење во скопски маркет, со цел да утврди дали се почитува владината мерка за замрзнување на цените на одредени производи.
Како Влада, прва работа ни беше да ја смениме методологијата за зголемување на пензиите. И самите знаете дека досега ги зголемивме 16 проценти. Во септември ќе има уште едно зголемување, со кое ќе имаме 25 проценти зголемување на пензиите, што никогаш досега не било. Методологијата вели дека секој март и секој септември пензиите се зголемуваат во согласност со трошоците за живот и во согласност со просечната плата, која расте. Ќе направиме сè за да ги зголемуваме пензиите и во иднина“, одговори Ковачевски.
„Кризно време е, но целиот буџет го користиме за такви работи“, потенцира тој.
„Цените се до плафон, со два денара макарони и јајца на 99 денари и сега ги замрзнавте цените. Тоа ли е поевтинување? Многу тежок дојде животот, па не можеме да купиме ниту лекарства“, му коментира друга жена на премиерот.
На ова Ковачевски одговори дека цените се зголемени поради војната во Европа.
„Она што првин направивме е дека на некои од производите ги замрзнавме цените, трендот на намалување на цените го направивме и тоа со владини одлуки и преку разговори со стопанските комори“, дополни Ковачевски.