|

Разбојници намамиле маж во Скопје и му ги одзеле парите – МВР со детали

Истрага против четворица за разбојништво во Скопје – со сила му одзеле 200 илјади денари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради кривично дело разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие, делувајќи во група и со употреба на сила, одзеле 200 илјади денари од едно лице.

Според обвинителството, на 30 октомври оштетениот заедно со една од осомничените жени отишол во мотел во Скопје. Таа му предложила да повика уште една девојка, со што го убедиле да одат во „поубав и поевтин хотел“. Кога излегле од собата, во темниот двор на мотелот ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените. Тие му се нафрлиле на оштетениот и го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земја, по што му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.

Јавниот обвинител поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. За една од осомничените жени, која е во бегство, притворот ќе се примени по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

Слични Објави