|

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди грчката област Ксанти, без пријавена штета

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово во 9:16 часот по локално време ја погоди областа Ксанти во североисточна Грција.

Според податоците на грчките сеизмолошки служби, епицентарот на потресот бил на околу 13 километри северозападно од градот Ксанти, кој се наоѓа приближно 200 километри од Солун.

Засега нема пријавени повредени лица ниту материјална штета, објави грчкиот весник Катимерини. Земјотресот бил почувствуван и во околните населени места, но не предизвикал поголема вознемиреност меѓу жителите.



Слични Објави