Честит Илинден – 120 години големина и бесмртност!
Став на Зоранчо Маринков
Статија напишана од ресенчанецот д-р Христо Татарчев – првиот претседател на организацијата што го кренала Илинденското востание БМОРК/ТМОРО/ВМОРО, во 1933 год. по повод 30-годишнината од востанието.
“ИЛИНДЕН – СИМБОЛ НА СЛОБОДА И СПЛОТЕНОСТ
Илинденското востание, од кое што македонскиот българин ќе ја празнува триесетгодишнината, беше сенародна мечта, под чиј што импулс и вера Македонија се подготвуваше долги години и ги даде сите можни морални и материјални жртви за тој голем момент. Тоа требаше да дојде после една долгодишна револуционерна дејност…
Македонскиот българин се истакна тука со својот возвишен дух, силен карактер и нескршлива волја, и со тоа се издигна себеси во таа борба за постигнување на неговиот идеал – слободата на Македонија, като моќен народ со јасно оцртана народностна физиономија, чувство и свест.
Борбите, кои беа поднесени од македонскиот български народ пред и по време на востанието за слободата на Македонија, го омажествија и го проширија неговиот светоглед по разбирането на животот и создадоа една нерескинлива врска меѓу него и делото – која што никогаш не може да биде избришана. Магичниот ефект, воопшто, на Илинденското востание и шармантниот му блесок ќе се засилува со текот на времето и ќе биде светилник – ѕвезда водилка на македонските борци пред стрмната Голгота во нивната борбата; динамизам – кој што секогаш ќе го стимулира нивниот и ќе им ја засилува волјата и енергијата за создавање на нови легендарни подвизи во македонската ослободителна историја.
Вечна памет на паднатите! Да издржи нашето велико дело!
Торино, 12 јули 1933 год.”
П.С. Дали претседателот на организацијата што го кренала востанието, не знаел какви биле борците во востанието по народност и за што истите тие се бореле?!? За трагедијата на македонските българи да биде целосна, денес по името на др.Христо Татарчев е наречено централното седиште на партијата ДПМНЕ во Скопје, партија која што со сите сили се бори против вклучување на българите во уставот на денешна Северна Македонија.
