| |

ЧЕТИРИ ЛИЦА ФАТЕНИ СО МАРИХУАНА, МЕЃУ НИВ И 19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА

Во три одделни акции полициски службеници на МВР вчера привеле четири лица кои поседувале марихуана, меѓу нив и млада девојка, информира МВР.

На 18.08.2020 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тајмишка“ ги лишиле од слобода А.М.(22) и А.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка.

Исто така, вчера попладне во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Александар Македонски“ го лишиле од слобода М.З.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

-На 18.08.2020 во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Стрезово“ ја лишиле од слобода Д.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана- стои во дневниот билтен на МВР.



Слични Објави