|

Четири пожари регистрирани до пладне – три под контрола, еден изгаснат

На 26 август 2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно четири пожари на отворен простор. Според надлежните служби, нема активни пожари – три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат.

Под контрола се следните пожари:

  1. Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума);
  2. Општина Гевгелија – планината Кожуф (приземен пожар);
  3. Општина Долнени – село Долгаец (мешана шума).

Изгаснат е пожарот:

  • Општина Куманово – улица Доне Божинов (ѓубриште).

Надлежните апелираат на внимателност и одговорност при движење во природа за да се спречат нови пожари.



Слични Објави