|

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Делчево за злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25 август 2025 година поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против Г.Т. (54) од Делчево, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, осомничениот Г.Т., во својство на градоначалник на Општина Делчево, на 1 август 2018 година донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево на јавен оглас за вработување административен службеник.

Имено, В.М. уште во првата фаза на постапката, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник, ги исполнувал законските услови за пензионирање со навршени 64 години возраст. Тоа, според Законот за административни службеници, претставува основа за престанок, а не за засновање на работен однос.

Со ваквото постапување, пријавениот му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата, додека Општина Делчево била оштетена за вкупно 762.318 денари по основ на исплатени плати и придонеси.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25 август 2025 година поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против Г.Т. (54) од Делчево, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, осомничениот Г.Т., во својство на градоначалник на Општина Делчево, на 1 август 2018 година донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево на јавен оглас за вработување административен службеник.

Имено, В.М. уште во првата фаза на постапката, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник, ги исполнувал законските услови за пензионирање со навршени 64 години возраст. Тоа, според Законот за административни службеници, претставува основа за престанок, а не за засновање на работен однос.

Со ваквото постапување, пријавениот му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата, додека Општина Делчево била оштетена за вкупно 762.318 денари по основ на исплатени плати и придонеси.

Слични Објави