ЧИЈА ПОБЕДА ЌЕ БИДЕ ИЗБОРНАТА ПОБЕДА?
Која и коалиција да ја формира новата влада ништо посебно нема да се смени во претстојниот мандат на новата влада. И понатаму ќе имаме корупција, партиски вработувања, буткање на ливчиња во џебови на функционери за тоа кој да се вработи.
Исто како и до сега целиот млад кадар во оваа држава ќе се бутка по партии и ќе го постела своето достоинство за да стигне до некоја државна или јавна функција. Оние, пак, млади кои нема да го прифатат тој начин на функционирање и понатаму ќе се иселуваат масовно од Македонија.
Судството ќе ни биде споро и неагилно, фотељите ќе ги потат стари газови кои немаат намера да ја работат својата работа, туку се тука да ја чекаат својата вртоглаво висока пензија. Во училиштата ќе предаваат професори кои едвај положиле испити, ама имаат партиски книшки или влегуваат на работи по квота.
Здравствениот систем ќе ни колабира бидејќи секој успешен, млад и амбициозен лекар сонува да замине на работа во држава каде неговиот труд ќе се цени и неговиот професионализам ќе се наплати. Децата ќе ни ги трујат со пропаганда и со турбо фолк уметност и ќе градат генерација на естетичко хендикепирани млади.
Обложувалниците и казината ќе бидат главните места каде што ќе се доживува „среќа“ а библиотеките и книжарниците наместо со книги ќе се полнат со мувла, школски прибори, играчки, гифтови и сувенити.
Во театрите ќе гледаме само комедии, во кината најголем интерес ќе има за премиера на „Ко то каже ко то лаже Србија е мала“. Кафаните ќе ни се единствено место каде што ќе можеме да се среќаваме со луѓе, бидејќи патувањата и прошетките се исклучително скапи за наши стандарди или не се дел од нашиот животен стил.
Ќе работиме во мизерни услови, за минимална плата, која тешко и дека ќе ни ја дадат цела, или ќе ни ја дадат ама ќе работиме до исцрпување. Штедиме за одмори еднаш годишно, додека елитата, естаблишментот и олигархијата се бањаат во базени полни со магарешко млеко, пијат Моети и секако таа бахатост ја забележуваат на своите социјални мрежи испраќајќи порака „Еве кој е главен, вие сиромашни, минијатурни створења“. Татко му и мајка му на дотичниот новопечен богаташ се воени профитери или се збогатиле за време на транзиција. Не, ни случајно тоа што го гледате не е заслужено затоа што тие се вредни, чесни, паметни, креативни и иновативни!
Сепак неколку работи ќе ги почувствуваме како различни доколку СДСМ ја предводи власта или доколку ВМРО-ДПМНЕ ја предводи власта. Еве неколку мали различиња:
(Целата колумна на Магдалена Стојмановиќ прочитајте ја на www.mojzbor.com)
