„Чистото минато“ и валканото интервју на Петар Тодоров

///

Пишува: Атанас Величков

Кога една лага ќе се повтори 100 пати, таа станува вистина. Нема како да го напуштиме ова клише, посебно, кога истото е поврзано со спорот меѓу „најблиските земји на Балканот населени со два наблиски народи“ Бугарија и Македонија.

Го изгледав внимателно видео-интервјуто на македонскиот историчар Петар Тодоров за бугарскиот дневен весник „Дневник“ и неколку работи ми направија многу силен впечаток.

Прво, речиси после секој одговор на прашањата „тип пенал“ што му беа поставени на членот на македонскиот дел од Мешовитата историска комисија, од страна на пријателски настроениот новинар, Тодоров пушташе по една подмитувачка шармантна насмевка, најверојатно со цел да ѝ каже на бугарската јавност: „Арно дете сум, верувајте ми, јас не ве лажам, напротив, ви ги отворам очите“. Верувам дека кај дел од оние, кои, исто како мене го гледале интервјуто Тодоров успеал да предизвика некакви симпатии и во тоа нема ништо лошо.

Проблемот не е во тоа дали бугарската јавност ќе добие нагон на симпатија кон младиот и надежен македонски историчар, туку дали македонската јавност, конечно ќе разбере дека за Бугарија не е никаков проблем фактот дека Петко, Станко и Драганче, се чувствуваат како Македонци, различни во секој сегмент од Бугарите. Без разлика на чувствата на по-големиот дел од денешните Македонци, Бугарите веќе милион пати изјавија дека тие немаат проблем со современиот македонски идентитет, туку имаат проблем со магарешката упорност на македонската научна фела да ги македонизира по свој терк Бугарите од крајот на XIX в. до средината на XX в., кои ете ја имале среќата или пак ги стигнало проклетството да се родат во границите на географска Македонија.

Во интервјуто г-нот Тодоров наоѓа за правилно да се претстави како жртва, чие право на самоопределба се смета од Бугарија за антибугарски чин. Тоа е таа лага што треба да биде наметната како непобитен факт, токму од луѓето кои бегаат од фактите како што ѓаволот бега од темјан.

Си велам дека Тодоров како историчар многу добро ги познава сите антибугарски чинови извршени во минатото. Знае исто така дека флоскулата „Македонците се создадени од Тито преку ноќ“, не само што не е навредлива за него, туку е еден од основните столбови на моменталната државна позиција, дека Бугарија е нелогична во своите барања, коишто нели се причина за „смешниот“ според Заев спор. Додека македонската политичка, научна и новинарска елита се држи како давеник за таа флоскула, нема да има потреба од навлегување во историските факти, а тие според принципот хигиената е половина здравје, треба да стојат што подалеку од окото на одамна индоктринираната со митови и легенди македонска јавност. За жал сите забораваме на она другата половина од „здравјето“ нечистотијата, која силовито им се наметнува на Македонците во последните 100 години.



Затоа историчарот Тодоров, а и не само тој зборува за историски наративи, а избегнува да полемизира за историските факти. Многу по-лесно му е да каже дека му е криво што неговото македонско чувство се сфаќа како антибугарски чин, отколку јасно и гласно да проговори за лагите и манипулациите наметнувани во македонската историја веќе 76 години.

Историчарот Тодоров зборува и за догми, без да најде сила во себе да излезе од сопствената зона на комфор и да каже, догма или мултиперспективност е негирањето на бугарскиот карактер на БМОРК-ВМОРО-ТМОРО-ВМРО?

Историчарот Тодоров сака да ја наметне тезата дека нема ништо лошо во тоа Македонија и Бугарија заеднички да ги чествуваат Кирил и Методиј, Климент, Наум и Самоил, но ќе се створел проблем, ако такво чествување се организира за Гоце Делчев. Ќе сме се испокарале уште повеќе. Оти околу Гоце се воделе најжестоките спорови. Ако тоа е така, зошто токму македонскиот дел од комисијата ја даде брилјантната идеја како датум за заедничка прослава да се слави токму 7 октомври 1946 г., денот кога бугарската комунистичка партија начело со пијаницата Георги Димитров ги предава посмртните останки на Гоце Делчев? Чиј болен мозок или труст на болни мозоци тогаш ја даде таа генијална идеја? Македонија во тој период е се друго, но не и слободна земја. Македонија во тој период е земја во која се затвораат и се убиваат токму идеолошките чеда на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михајлов. Сите што ја следиме проблематиката околу македонско-бугарските односи и посебно активностите на историската комисија знаеме што предизвика таа глупост.

Потсетувајќи се на брзината со која спомениците на Александар Велики и татко му Филип II добија таблички со појаснување дека истите се дел од хеленската култура, можеби знак на добра волја ќе биде и конечно препораките за бришењето на глупостите дека Бугарите се татаро-монголи од македонските учебници, што побрзо да се спроведат. Тоа вели историчарот Тодоров не е во надлежност на комисијата, таа имала други задачи. Не чув ниту еден член на таа комисија од самопочит да го крене гласот за тие препораки. Можеби тоа е дел од самокритичноста што треба да ја покажат членовите на комисијата и за која сонува младиот историчар. Самокритично ќе си молчат за таа препорака, оти нели, може пак погрешиле.

И така скокнувајќи од тема во тема и од човечко право во некоја друга европска вредност, забораваме дека некои имаат право да се наречат и наследници на исчезнатата цивилизација на Атлантида, но сите ја немаат таа должност да го менуваат идентитетот на веќе починати луѓе, кои многу подобро од нас знаеле кои се, што се и немале потреба да се докажуваат преку рушење на догми или наметнување на некакви мултиперспективности, со кои, треба да се оправда извитоперувањето на историските факти.

Но, овде изгледа не се работи за факти, туку и за чувства. Историчарот Тодоров, не ја мразел Бугарија, но за него е страшно тоа што неговото македонско чувство се смета за антибугарски чин. Тие флоскули ќе се продаваат до крајот на играта. Инаку целиот наратив ќе им пропадне.

Претходна статија

Двајца директори за еден Дрангов

Следна статија

Нашите раскрсници и раскрсницата на Мицко војвода

Најново од Истакнато