ЧКАТРОСКИ: СО ПРОТЕСТИ НЕМА ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ ТУКУ СО ДЕЛУВАЊЕ НА ДОЛГОРОЧЕН ПЛАН
„Сакам да ве информирам следното-
Од 1.01 2019 година ги почнувам активностите за Пелагонија и делот Битола – Прилеп –Плетвар од едната страна и крајот на Пелагонија- Птолемаида –Кожани.
Ќе иницирам неколку панели за соработка ,координација во изготвување на проект за заштита на воздухот во Пелагонија со градоначалниците на сите општини кои се во Пелагонискиот дел.
1. Идеен проект за конвертирање на Термоцентралите од јаглен во гас
2. Засадување на 10.000.000 садници поддржан од Европската Унија, Владите на Скопје и Атина
3. Ревитализација на земјиштето
4. Купување на медицинска дијагностичка опрема за рано откривање на заболувањата од загадувањето.
5. Инсталирање на 50 мерни станици за мерење на арозагадувањето
6. Независна експертиза финансирана од ЕУ за загадувањето на водите и земјиштето во Пелагонија
Секаква експертска ,политичка ,организациона помош е добредојдена.
Финансиската помош ќе се обидам да ја обезбедам од институциите и организациите во Пелагонискиот дел од Македонија.
Моето мислење е дека со протести нема да се решат овие проблеми туку со делување за отпочнување на долгорочно решавање на проблемите во Пелагонија.
Јас сум само иницијатор на овој крупен проект и после иницијативата се повлекувам по почетокот на реализацијата на наведените проекти“, напиша на својот facebook профил, Даме Чкатроски, политички аналитичар.

