ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ БЕЗ БРАШНО

Производи:
5 јајца
180 гр. путер
250 гр. темно чоколадо
прстофат сол
1 лажичка екстракт од ванила
1 и 1/2 лажичка. шеќер
65 гр. какао во прав

За премачкување:
250 гр. темно чоколадо
250 мл. хопла

Подготовка:
Стопете го путерот со чоколадото. Потоа постепено матете со миксер, додајте ги солта, шеќерот, јајцата, ванилата и какаото. Добиеното тесто ставете го во подмачкан со путер и набрашнет сад за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Кога тортата ќе се олади, извадете ја од калапот и ставите ја во соодветна чинија. Растопете го чоколадото во хоплата и истурете рамномерно врз тестото.

На здравје!

Слични Објави