ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ

Состојки:

250гр шеќер
250гр бадеми
2 реда чоколадо
2 лажици шеќер
4 лажици црно кафе

Подготовка:

Подгответе густ сируп од 250 гр шеќер и половина винска чаша вода. Кога сирупот ќе почне да врие во големи меури, тргнете го од топло и додадете ги исечканите бадеми. Од оваа смеса, додека сè уште е топла, направете мали топчиња. Потопувајте ја раката со вода, така што смесата нема да ви се лепи на дланката.

Топчињата потопете ги во смесата која ќе ја направите од чоколадото, двете лажици шеќер и четири лажици црно кафе. Секоја топка потопете ја во смесата со помош на чепкалка за заби, а потоа декорирајте ги со рендано чоколадо или мрвици.



Слични Објави