|

Чулев: Обвинувањата за моја наводна инволвираност во кумановските настани се груба невистина

Наќе Чулев, од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен МВР, преку социјалните мрежи се огласи по повод обвинувањата од страна на СДСМ за негова инволвираност во кумановските настани.

„Денешните неточни обвинувања објавени за мене од страна на политичката партија СДС, само уште еднаш ја покажуваат нервозата во нивните редови за милионскиот скандал кој го објавивме вчера и денес, а која говори за милионски договор склучен во име на Министерството за внатрешни работи, со фирма блиска до нив.

Обвинувањата за моја наводна инволвираност во кумановските настани се груба невистина и манипулација со јавност. Доколку тоа навистина е така до сега сигурно ќе бев неколку пати душмански приведен од партиските послушници на Оливер Спасовски во редовите на полицијата и безбедносните служби. Во целокупната моја професионална кариера сум го давал максимумот за одбрана на безбедноста, територијалниот интегритет и уставниот поредок на мојата татковина Македонија.

Доколку, сметаат дека денешниот и вчерашниот прес на кој говорев за криминалот направен од страна на Оливер Спасовски се неточни, ги повикувам тоа да го докажат преку судските органи.  Јавноста гледа и е свесна дека станува збор само уште еден од низата случаи во кој „се фатени живи“ правејќи милионски зделки на грбот на полицијата и на товар на граѓаните.“



Слични Објави