НАПАЃАЧОТ ОД НОВ ЗЕЛАНД МИНАТАТА ГОДИНА ПРЕСТОЈУВАЛ ЗА КРАТОК ПЕРИОД ВО БУГАРИЈА

Уапсениот за терористичкиот напад што се случи денеска во Нов Зеланд престојувал во Бугарија во ноември минатата година, тоа го соопшти бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров, јавува Btv.

Тарант се наоѓал на бугарска територија во периодот од 9 до 15 ноември 2018 г. Пристигнал во Бугарија на 9 ноември и за речиси една недела посетува голем број историски места во нашата соседна земја, а имено: Дреново, Плевен, Велико Трново, Благоевград, Пловдив, Асеновград, Бачково, Казанлак и Банско. На 15 ноември заминал за Букурешт Романија.