ВИДЕО: „МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА“-ПРОВОКАЦИЈА НА ПОРТПАРОЛОТ НА „ЗЛАТНА ЗОРА“ ИЛИЈАС КАСИЈАДАРИС

„Македонија е грчка, Скопјанецот треба да чуе“ викал портпаролот на грчката националистичка партија „Златна зора“, Илијас Касидиарис, откако бил спречен од обезбедувањето да влезе во канцеларијата кадешто се одржувала средбата меѓу министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис. Видеото што следи е објавено од самиот Касидиарис.