| |

Д-Р А. ТАРАВАРИ: ПОДНЕСОВ АНКЕТЕН ЛИСТ ЗА ИМОТНА СОСТОЈБА И ИЗЈАВА ЗА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ДОДЕКА БЕВ МИНИСТЕР

Градоначалникот на општина Гостивар д-р Арбен Таравари во телефонска изјава за нашиот портал рече дека тој поднел анкетен лист за имотна состојба и изјава за судир на интереси како именуван министер за здравство. Тој изјави дека од неговото стапување во должност како министер за здравство во Владата на Р. Македонија од 1 јуни 2017 до неговиот избор за градоначалник на општина Гостивар на 2 ноември истата година, не поминале ни 6 месеци и не бил запознат дека треба повторно да поднесува анкетен лист за својата имотна состојба. Градоначалникот Таравари изјави дека доколку направил прекршок ќе си ја плати предвидената казна. Првиот човек на општина Гостивар, го побаравме откако во јавноста се појави информација дека неговото име стои меѓу имињата на уште 5 градоначалници кои ќе бидат казнети по пријава на Антикорупциската комисија, бидејќи не поднеле анкетен лист за имотна состојба и изјава за судир на интереси.



Слични Објави