| |

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел предложена за заменик-генерален директор на УНЕСКО

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел е предложена за функцијата заменик-генерален директор на УНЕСКО, со силна поддршка од бугарската влада, објави бугарската Нова ТВ.

Според информациите, Габриел ќе го преземе ресорот „Комуникации и информации“ во рамки на меѓународната организација за образование, наука и култура.

Габриел е родена на 20 мај 1979 година во Гоце Делчев. Дипломирала бугарски и француски јазик на Пловдивскиот универзитет, а магистрирала компаративна политика и меѓународни односи во Бордо.

Таа има долгогодишно искуство во европските институции. Од 2017 до 2019 година беше европска комесарка за дигитална економија и општество, а потоа и комесарка за иновации, научни истражувања, култура, образование и млади.

Во 2023 година ја напушти Европската комисија по номинација за премиер од редовите на бугарската политичка партија ГЕРБ.

Слични Објави