РЕЏЕПИ ЗА УЛТИМАТУМОТ НА БУЗАКУ: ВО ИВЗ НЕМА МЕСТО ЗА ГЕЈОВИ
Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, на новинарско прашање околу ултиматумот кој му го постави Скендер Бузаку, со одговор дека во Исламската верска заедница нема место за „гејови“ и дека сите тие мора да бидат избркани надвор, јавува Телма.
Реџепи не сакаше да дополни и да одговори што мислеше со оваа изјава. Наместо него, изјавата се обиде да ја ублажи и релативизира муфтијата Мухамер Вејсели, директор на агенцијата за Халал стандартди и член на ИВЗ кој кажа дека доколку има било какви сознанија или докази за криминал кој го инкриминира реисот, треба да ги достави во полицијата или обвинителството.
