| |

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ТРИ ЛИЦА ВО ВОЗИЛО НА ПАТОТ МЕЃУ ВРАПЧИШТЕ И ДЕБРЕШЕ

Три лица вчеравечер завршиле во Полициската станица во Гостивар, откако кај нив и во возилото со кое се превезувале била пронајдена марихуана.

МВР соопшти дека околу 21.15 часот, на регионалниот пат што ги поврзува гостиварските села Врапчиште и Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 31 годишник од гостиварско Здуње и двајца жители на Тетово на возраст од 44 и 23 години, затоа што при нивен и преглед на возилото била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични Објави