(Видео) БНТ прикажува: Тодор Александров- последниот цар на планините
Личноста на Тодор Александров ѝ припаѓа на минатиот век, но неговото дело продолжува да опстојува и денес. За првпат во филмот е прикажан тефтерот на Тодор Александров во кој тој ги опишувал своите средби и писмата што ги испраќал.
„Тодор Александров – последниот цар на планините“ прикажува повеќе апели, спомен-белешки и фотографии од фондот на агенцијата „Архив“, музејот во Благоевград, историскиот архив на Националната библиотека. Користени се личните архиви на внуците на Александров – Тодор и Евелина, како и архивски снимки од настаните за време на Балканските војни и Првата светска војна.
Документарецот е направен по сценарио на Весела Смилец, режисер е Борислава Димова, камерман – Атанас Атанасов, директор на монтажата е Ара Хугасјан, а дизајнот на звук е дело на Борислава Димова и Ара Хугасјан.