| |

Северна Македонија е во првите десет најпосетувани земји од Бугарите во декември минатата година

Патувањата на бугарските државјани во странство во декември 2025 година изнесуваат 773,3 илјади, што претставува зголемување од 6,3% во споредба со декември 2024 година, соопштија од Националниот статистички институт на Бугарија, пренесува БГНЕС.

Најголем број патувања, бугарските државјани оствариле кон: Турција – 197,8 илјади, Грција – 138,5 илјади, Романија – 93,9 илјади, Србија – 69,2 илјади, Германија – 48,7 илјади, Република Северна Македонија – 32,6 илјади, Австрија – 26,9 илјади, Италија – 24,7 илјади, Обединетото Кралство – 24,3 илјади и Шпанија – 16,7 илјади.

Најголем релативен удел од вкупниот број патувања на бугарските државјани во странство го сочинуваат оние со други цели – 43,0%, по што следуваат патувањата со цел одмор и екскурзија – 36,8%, како и патувањата со службена цел – 20,2%.

Во декември 2025 година, посетите на странски државјани во Бугарија изнесуваат 888,4 илјади, што е за 6,6% повеќе во споредба со истиот месец од претходната година. Регистрирано е зголемување на патувањата по сите набљудувани цели. Транзитните поминувања низ земјата сочинуваат 30,2% (267,9 илјади) од сите посети на странски државјани во Бугарија.



Слични Објави