Фотоизложба во чест на легендарниот Димитар Пенев ќе биде отворена во Софија
Утре, на 28 јануари, во Градската градина пред Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија ќе биде отворена фотоизложба во чест на легендарниот Димитар Пенев. Отворањето е во 16:30 часот.
Поставката вклучува 80 фотографии на фотографот Бончук Андонов, кои ја следат кариерата на тренерот број 1 на Бугарија за XX век. Иницијативата ја организира Општина Софија со поддршка на Фондацијата „Софија – Европска престолнина на спортот“.
Како селектор на националниот тим на Бугарија, Пенев го донесе најголемиот успех во историјата на бугарскиот фудбал – четвртото место на Светското првенство во САД во 1994 година. Како тренер работел во водел и бројни клупски екипи во Бугарија и во странство, а најдолго бил на чело на ЦСКА. Како играч останал во историјата, како една од легендите на бугарскиот гранд ЦСКА од Софија.
Димитар Пенев почина на 3 јануари 2026 година, на 80-годишна возраст.

