| |

Мицкоски да ја искористи средбата со Фон дер Лајен за конкретни економски договори

Ивон Величковски

На средбата со Фон Дер Лејен, Мицкоски нека не го рециклира она во што се заглави 3 г. и да се посвети на она што нè очекува набрзо.

“Гаранциите” се тема само за премиерот кој сега бара начин да се извлече без штета по рејтингот. А сите знаеме: Обврската е обврска.

Но функционирањето на економијата е поголемо прашање од партиските рејтинзи.

Затоа, кога разговара со претседателката на ЕК, средбата нека ја искористи и за конкретен договор и заедничка стратегија за економските предизвици коишто се пред нас.

Европа пак влегува во период на засилен инфлаторен притисок, пред сè поради високите цени на енергијата и горивата. А при ризици во снабдувањето со дизелот, извесен е нов притисок врз транспортот и индустријата.

Сето тоа директно ќе се прелее и врз националната економија – преку повисоки производствени и транспортни трошоци, поскап увоз и дополнителен притисок врз цените и стандардот на граѓаните.

Затоа, потребни се конкретни договори за:

– заштита на домашната индустрија,

– стабилно снабдување со енергенси,

– резерви и механизми на државата,

– мерки при продолжен ценовен притисок и

– потпирањето на ЕУ во решавањето на предизвиците.

На средбата има најрелевантен соговорник за стратешка превенција на извесните ризици.

Слични Објави