| |

Куртелов за БНР: Патот за зближувањето на Бугарија и РС Македонија е неминовен, но нема да биде лесен

„Оваа средба беше куртоазна, немаше доволно време „да се елаборираат позициите на македонските Бугари“. Ова е чувството кај луѓето со бугарска самосвест, на кои премиерот Кирил Петков им посвети малку време на крајот од посетата на Скопје пред неколку дена“, изјави во програмата „На чаршијата, во четот“ на Радио Крџали Љупчо Куртелов од Охрид. Тој е потомок на браќата Миладинови, поранешно воено лице, сега туристички водич, човек кој се грижи и ги истакнува своите бугарски корени.

„Бевме подготвени да дадеме свое мислење за ова прашање, но немаше време. Се поздрави со сите, за десетина минути го кажа она што веројатно им го кажа и на македонските политичари, потоа имаше неколку фотографии и горе-долу тоа беше тоа. Делегацијата брзаше да го фати авионот за Софија.“, вака Куртелов ја опишува средбата со премиерот.

Бугарите имаат различни ставови за патот врз кој ние треба да ги „изградиме мостовите меѓу Бугарија и Македонија“, вели Куртелов.

Најголем дел од македонските Бугари сметаат дека посетата на бугарскиот премиер е прерана, дека не е доволно добро подготвена, дека требало да се случи подоцна, додава тој. Според него, премиерот ја следи својата стратегија, а колку е корисна ќе покаже времето. „Знаеме дека односите меѓу Бугарија и Македонија се затегнати. Сега дојде нов човек, со нови идеи, со нови иницијативи. Да видиме дали мразот меѓу двете земји малку ќе се стопи“, коментира Куртелов.

„Во тие две-три минути кога разговаравме, му реков дека е предвесник на топли ветришта, фигуративно кажано, дека носи морков, кој и го понуди на Македонија, но да не заборава дека држи и стап позади грбот, бидејќи овде, во Македонија, има многу луѓе кои не се пријателски расположени по прашањето за затоплувањето на односите меѓу Македонија и Бугарија“, вели Куртелов.

Според него, мнозинството од македонскиот народ „не е добро упатено“, но важно е што мисли елитата што го формира јавното мислење, „а најголемиот дел од оваа елита – политичка, бизнис, медиумска, се антибугарски и смета дека средбата не била добра, бидејќи Бугарија допрва треба да се извинува за она што го направила за време на Втората светска војна, имаше навредливите квалификации итн.

Обичните луѓе не се запознаени со условите што ги поставува Бугарија за влез во ЕУ, за нив не се зборува РС Македонија, рече Куртелов.

Овде историјата се фалсификува, категоричен е македонскиот Бугарин и дава конкретни примери. Бугарија не може да го игнорира овој факт. „Патот до зближување меѓу Бугарија и Македонија е неизбежен, но нема да биде лесен. Мислам дека временскиот рок што си го постави бугарскиот премиер Кирил Петков е премногу амбициозен. Иако, гледано од другата страна, ќе цитирам една кинеска поговорка која вели: И патувањето од илјадници милји започнува од првиот чекор. Од некаде треба да се почне. Можеби треба да почнеме со полесни работи, кои не се проблематични – инфраструктура, патишта, комуникација во културата, евроинтеграции“, коментира Куртелов.

Само пред неколку дена во Охрид отвори врати читалиште „во рамките на здружението „Балкански хоризонти“, со што си поставивме за цел да градиме мостови“, соопшти Љупчо Куртелов.

Слични Објави