АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ВОЗРАСНА ЖЕНА И ДЕТЕ ВО РАДОВИШ

Автомобил удрил во 69-годишна жена и 10-годишно дете од Радовиш. Во несреќата, која се случила вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

извор: Makfax