| |

Во 2025 г. во Бугарија се родиле 1.397 деца преку процедури за асистирана репродукција, финансирани од државата

Во 2025 година во Бугарија по процедури на асистирана репродукција финансирани од државата се родиле 1.397 деца, соопшти Министерството за здравство на Бугарија, пренесува БТА.

Во првата половина од 2026 година Центарот за асистирана репродукција издал 2.598 решенија за финансирање. Во првиот квартал биле примени 1.291 барање и издадени 1.222 решенија, а биле потрошени 1,9 милиони евра. Во вториот квартал биле примени 1.394 барања, издадени 1.376 решенија и потрошени 2,95 милиони евра.

За асистирана репродукција во буџетот на Министерството за здравство за 2025 година биле предвидени 11,25 милиони евра, кои им биле исплатени на здравствените установи, без доцнење на исплатите. За 2026 година се планирани 11,25 милиони евра.

Центарот за асистирана репродукција на Бугарија финансира до четири процедури, со најмногу 3000 евра за секоја. Право на помош имаат жени помлади од 43 години, со бугарско државјанство или постојан престој во Бугарија, кои ги исполнуваат медицинските услови и претходно избрале здравствена установа што има договор со Центарот.



Слични Објави