| |

Бугарката Дакота Дичева се враќа во кафезот и ќе ја брка 16-та победа во низа во професионалниот ММА

Бугарско-британската ММА-сензација Дакота Дичева се враќа во борилиштето по пауза од речиси една година, со амбиција да ја забележи својата 16-та победа во низа, во професионалната кариера, јавува Радио Бугарија.

На 31 јули, во арената „Ју-Би-Ес“ во Њујорк, таа ќе се соочи со поранешната шампионка на Bellator во кикбокс, Дениз Килхолц. Борбата ќе биде главниот воведен меч на галавечерта на Professional Fighters League (PFL), објави sportal.bg.

Дичева последен пат настапи во јули минатата година, кога ја скрши раката во борбата против Сумико Инаба. По операцијата и периодот на закрепнување, таа уверува дека е целосно подготвена за враќање.

„Мојата рака е посилна од било кога“, изјави Дичева.

Нејзиниот професионален биланс изнесува 15 победи без ниту еден пораз, а 12 од мечевите ги завршила пред последниот гонг. Победа над Килхолц би можела да ја доближи до очекуваниот супердуел со легендарната Крис Сајборг, за кој веќе се зборува во PFL.

Иако е родена и израсната во Велика Британија, Дакота редовно ја истакнува својата силна поврзаност со Бугарија. Нејзиниот татко Иво Дичев потекнува од Самоков, а натпреварувачката често нагласува дека дисциплината и борбениот дух ги наследила од своите бугарски корени.

Слични Објави